Ќе се реновира црквата „Св. Илија“ во Горна Бошава
Ќе се реновира покривната конструкција на црквата во поткожувското кавадаречко село Горна Бошава, информираше денеска претседателот на месната заедница Дарко Најдов.
- Иако градбата на црквата ја почнавме во 2003 година, покривот протекува при дожд, а дождовните капки оставаат траги и во внатрешноста на верскиот објект. Се уште не ни е направен фрескоживописот токму од таа причина. Иако има заинтересирани, тоа засега се избегнува, се додека не се реши проблемот со протекувањето на покривната конструкција, рече Најдов.
Тој појасни на кој начин планираат да го извршат санирањето на покривот, по што ќе следува фрескоживописот и осветувањето на црквата.
- Завршувањето на оваа работа е многу значајно бидејќи сите кои доаѓаат во селото, без разлика дали потекнуваат или не одовде, најпрво ја посетуваат црквата „Свети Илија“, нагласи Најдов. Додаде дека акцијата за реконструкција ќе ја реализираат сите жители на селото кои доброволно ќе се пријават за такво нешто. Финансиите за материјал, се веќе обезбедени.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска