Ќе се реконструираат уште четири улици во Ѓорче Петров
Општината Ѓорче Петров и Ленди Груп ДООЕЛ Скопје потпишаа договор за реконструкција и изградба на 4 улици во општината во износ од 19.867.875 денари.
Со овој договор опфатени се улиците : „Алекса Демниевски“ на која ќе се поставуви ново улично осветлување, нов асфалтен слој, ќе се изведе атмаосферска канализација , нова водоводна мрежа и тротоари. На улицата „Пробиштипска“ ќе се вади стариот асфалтен слој, шахти , на улицата „Знеполе“ ќе се гребе старата асфалтна подлога и ќе се постави нов слој, ќе се изврши корекција на шахти и шибери.
На улицата „ 2“ кај ООУ „ Мирче Ацев“ ќе се отстрани стариот слој на асфалт, ќе се поставуват нов тампонски слој и нов асфалт, ќе се изведе атмосферска канализација, воедно ќе биде поставено ново улично осветлување и нови тротоари.
Средствата со кои ќе се реализира овој проект се Гранд од Светска Банка доселен на општината Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители за избор на привремен наследник на Коцевски
-

Филипче од Брисел: Барам поддршка од Европа за одбрана на демократијата во Македонија
-

До крајот на следната година системот Безбеден град ќе се имплементира во цела држава
-

Охрид со богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници
-

Бизнисот и науката во спрега за развој на циркуларната економија
-

Домаќинствата во Струмица добиваат можност да аплицираат за зелени грантови
-

Преглед на вестите од светот
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан

