Ќе сe подготвуваат планови за реорганизација на „Фени индустри“

Во Основниот суд во Велес се одржа испитно рочиште за материјално финансиската состојба и Извештајно собрание на доверителите на „Фени индустри“.
Најголеми доверители во А.Д „Фени“ во стечај за долг над 60 милиони евра се А.Д Комерцијална банка со 35 проценти од долгот, А.Д.Стопанска банка - Скопје со 22 проценти од долгот и затоа тие имаат право на одлучување.
Инаку, стечајниот управник Мирослав Анастасовски и двете банки-најголеми доверители овие планови за реорганизација на фабриката за никел, треба да ги изготват за 45 дена како што денеска што им одреди судијката Валентина Ѓорѓиева. По нив по истекот на овој рок ќе расправа Собранието на доверители на „Фени индустри“.
Пеце Ристевски претседател на гранковиот синдикат СИЕР изјави дека конечно почна стечајната постапка во „Фени индустри“ од Возарци кај Кавадарци.
- Досега имавме административни подготовки. Одлуките кои денес се донесоа одат во насока на забрзување на статусот на „Фени индустри“ како стечаен должник во моментов. Ние мислиме дека договорот ќе го испочитуваат тие што ја превземаат обврската и што им ја наметнаа доверителите, а паралелно со работењето на „Фени“ под закуп ќе се реализира стечајната постапка. На крај се надеваме дека вработените ќе добиваат солидни плати и на „Фени индустри“ трајно и брзо ќе му се реши статусот, појасни Ристевски.
Според него, самата стечајна постапка во „Фени индустри“ ќе се води на поспецифичен начин.
- Се договоривме работниците да останат на работа и земаат 75 проценти плата во услови кога ништо не работат, а истовремено трајно да се решава статусот согласно Законот за стечај. Нашата позиција е многу јасна, ако „Фени индустри“ работи со полн капацитет, работниците да земаат цела плата како што ја земале пред стечајот, посочи Ристевски.
За парите од закуп од еден милион и двесте илјади евра од закупецот, Ристевски појасни дека ќе одат за трошоците за водење на стечајот, а делот што ќе остане ќе оди во стечајната маса на „Фени индустри“ и ќе им се распределат на доверителите.
Ново на Сител
-

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност
-

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството
-

Унгарската „Електробус - Икарус" и австриската ЕВН ги исполниле условите за набавка на автобуси и полначи
-

Масар Омерагиќ на Конгрес на FIFA во Ванкувер
-

Спремни за спектакл: Македонските кикбоксери јуришаат на „ВАКО Европскиот куп Вараждин Опен 26“
-

Полицаец од Битола возел со 1,51 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Димитровски: Бугарите ќе станат дел од Уставот во оној момент кога од другата страна ќе видиме подадена рака по неколку основи
-

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
