-->
-->
Ќе се гради прочистителна станица за вода за пиење на браната Лошана
-->
ж- Швајцарската амбасада ќе инвестира во изградба на прочистителна станица за вода за пиење на браната во Општина Делчево.
На денешниот прв состанок на претставници од Амбасада на Швајцарската Конфедерација со градоначалникот Горан Трајковски и стручниот тим од Општина Делчево, беа дефинирани рамките и насоките за отпочнување на проектот за изградба на филтер - станица на браната Лошана.
Клиф Хамер, претставник на Швајцарска амбасада истакна дека инвестицијата конкретно ќе предвидува нов систем за прочистување на водата за пиење.
- Со ова ќе се обезбеди чиста вода за пиење, а ќе се реши и недостигот на вода, не само на граѓаните на Делчево туку и на населените места. Вкупната вредност на проектот е 7,5 милиони швајцарски франци. Донацијата од Швајцарската Конфедерација е 6 милиони швајцарски франци, во самиот проект ќе инвестира и македонската Влада преку Министертсвото за животна средина со 1,4 милиони швацарски франци, додека Општина Делчево ќе учествува со 30 илјади швајцарски франци со што ќе придонесе кон успешната реализација на проектот. Главниот партнер и главните наши соработници ќе бидат општина Делчево и ЈПКД „Брегалница“, истакна Хамер.
Градоначалникот Трајковски потенцираше дека Општина Делчево е подготвена со стручните тимови да работат заедно со консултаните со цел да се реши горливото прашање со квалитетот на водата за пиење.
- Овој проект е од огромно значење за граѓаните на Општина Делчево и со него ќе решиме децениски проблем. Начелниот договор ќе биде потпишан пред Нова година, а со имплементацијата на проект ќе започнеме од јуни наредната година, рече Трајковски.
Инаку, изградбата на прочистителната станица е втор капитален проект во Делчево во последните 10 години. Хидроакумулацијата Лошана беше изградена во 2008 година при што беше решен проблемот со недостигот на вода за пиење на градот Делчево и неколку населени места во општината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
