Македонија
23. November 2016 - 16:35

Ќе реагира државава да престане објавувањето на илегално прислушуваните телефонските разговори?

Нови незаконски снимени разговори на високи функционери на ДУИ осамнаа на социјалните мрежи. Како што пренесуваат дел од албанските портали снимките припаѓаат на високи функционери на ДУИ. Снимките се објавени на социјалната мрежа Фејсбук на страната Skandaloze со датум од 20-ти ноември месецов и можат да се слушнат разговори кои се водат на албански јазик. Симптоматично е што овие разговори се појавуваат токму на самиот почеток на изборната кампања.

Во јавноста во месец септември на истата социјална мрежа, на страната Pronto.mk беа објавени огромен број на незаконско стекнати разговори на високи функционери на ДУИ, на лидерот Али Ахмети, и на Муса Џафери. До ден денес се уште не е познато кој е изворот на незаконските снимки. Пуштањето на овие снимки во јавноста почна во фебруари годинава каде се појавија разговори на десетина јавни личности во Македонија, а кои ги пушташе лицето потпишано како Никола Тесла.

Првиот приватен разговор е објавен на 23-ти фебруари на каналот Јутуб и е помеѓу одговорниот уредник на телевизија Сител Драган Павловиќ- Латас и сопственикот на телевизијата Горан Иванов. 3 дена подоцна беше објавеннов разговор помеѓу Латас и Ивона Талевска главен и одговорен уредник на весникот Вечер. Потоа следуваа разговорите помеѓу Муса Џафери и пратеничката Емира Мехмети но и на првиот човек на Комерцијална Банка, Хари Костов и Бранко Бојчевски основач на агенцијата ОСА.

Латас и Ивона Талевска поднесоа кривични пријави против познати сторители во Специјалното јавно обвинителство, но до ден денешен, СЈО не презема ништо.

Со прислушуваните разговори располагаат овластени дилери на СДСМ, како што е Захир Бектеши Чауш, Зоран Божиновски кој е во притвор, Зоран Верушевски, Љупчо Палевски и други. Иако јавна тајна е дека ги поседуваат разговорите и дека не криеа дека стојат зад псевдонимот Никола Тесла, јавна тајна е и дека уценуваа бизнисмени со разговорите за пари, од кои најголем дел платија за да останат анонимни, но до ден денеска надлежните не преземаат ништо.