Ќе продолжи изградбата на новата болница во Кичево, се реконструира и стариот објект

Се прават сериозни подготовки околу продолжување на градежните работи на недовршениот објект на новата Општа болница во Кичево и негово комплетно завршување, изјави директорот на таа јавна здравствен установа, Биљана Настеска.
Посочи дека почнува втората фаза на изградба на новиот објект, неговото довршување ќе чини околу 330 милиони денари и само за годинава Министерството за здравство за оваа намена обезбедило околу 70 милиони денари.
- Во втората половина од оваа година ќе продолжат работите на новиот објект, а се очекува да се финализира во 2020 година, вели Настеска.
Потенцира дека интензивно работат и на реконструкција на стариот објект на болницата, во фаза се на изработка на тендерска постапка за да го менуваат покривот, потоа ќе ги реновираат просториите во кои работат и ќе набават нова апаратура.
Најави во скоро време и конкурс за вработување на нови лекари во соработка со Министерството и додаде дека очекува тие да бидат упатени на спецјализација, бидејќи итно имаат потреба од таков кадар.
Ново на Сител
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
-

Преглед на вестите од светот
-

Јаневска за Сител: Законот за високо образование е во интерес на сите, издржаните предлози ќе се прифатат
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
