Ќе летувате во Црна Гора? - Бидете подготвени за трошење на многу пари

Многумина оваа година ќе заминат на летување во Црна Гора, но има и такви кои веќе биле, но за жал впечатоците не се толку воодушевувачки. Така една жена ракажала како поминала на Сутоморе.
- Вчера се вратив од Црна Гора, прилично сум разочарана бидејќи наместо да си поминам убаво, се нервирав за високите цени и што се се наплатува. Најпрво, водата е ладна, но тоа е објективен проблем на кој Црногорците не можат да влијаат. Но на тоа што можат да влијаат е да ја исчистат водата. Водата е многу нечиста и понекогаш полна со измет,вели оваа Србинка за Телграф,рс.
Ако останете еден ден во Црна Гора, а не јадете и не пиете ништо, и тоа ќе ве чини речиси евро бидејќи туристите имаат обврска да плаќаат туристичка такса од 90 центи по ден.
Кога храната е во прашање, овошјето е луксуз кој ова лето во Црна Гора нема да можете да си го дозволите. Ако посакате да јадете цреши, морате да издвоите дури 4 евра за килограм, а за праски 2.5 евра.
Ако сакате да јадете плескавица и да купите мала флаширана вода, за тоа ќе платите од 4 до 6 евра, а во Грција за таа цена имате комплетен ручек со десерт и кафе.
Ново на Сител
-

Изменет законот за високо образование
-

ИВЗ домаќин на десетиот Самит на верските лидери од Балканот
-

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ во официјална посета на Македонија
-

16 нови доктори на наука на УГД - знаење за практичен напредок
-

Преглед на вестите од светот
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
