-->
-->
Ќе има ли полициски час за Велигден?
-->
Владата на седница денеска треба да донесе одлука за продолжување на полицискиот час во она исто траење како и досега а тоа е 20 часот па се до 5 наутро.
Ваква одлука се очекува по препораката која вчера ја даде Комисијата за заразни болести која препорача во овој режим на рестрикции да останеме уште една недела. Веќе е извесно дека и оваа година велигденските празници ќе поминат со полициски час а прашањето кое останува отворено е дали тој ќе завршува во 20 или 21 часот.
Владината прес служба вчера извести дека главниот кризен штаб размислува во периодот од 27 април па се до 15 мај да ги релаксира мерките односно, полицискиот час да почнува 1 час подоцна а да работат и летните тераси на угостителските објекти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста