-->
-->
Кит се појави од никаде и изненади неколкумина рибари во Њу Џерси
-->
Голем грбав кит ненадејно се појави во водите близу морскиот брег кај Њу Џерси и изненади неколкумина рибари чии чамец се наоѓал во непосредна близина.
- Ова ми е дефинитивно едно од најлудите животни искуства. Тоа беше еден огромен Голијат што се појави покрај нашиот чамец, баш до трупот. Во моментот се „смрзнав“, изјави Пол Сиолковски, рибар кој и го „уловил“ со камера целиот тој настан.
Чамецот се наоѓал на километар и половина од брегот во моментот кога се појавило суштеството, а разбранетата вода им „подарила“ и една риба на среќните риболовци, фрлајќи ја во чамецот.
Необичната случка ја снимил уште еден од рибарите, па сето тоа може да се види и од друг агол.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
53-годишна жена вработена во средно училиште во Центар нападната од четворица ученици
-
Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за СЗО во следните пет години
-
Приведени тројца битолчани, при претрес во дом пронајдена е дрога
-
Косово забрани увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип
-
66-годишен маж пронајден починат во својот дом во Центар
-
Ограбена црква во подрачјето на Центар во Скопје
-
Велика Британија воведе уште сто санкции против Русија
-
Во Шпанија во прекин телефонската комуникација поради дефект