-->
-->
Кишида: Јапонија повеќе никогаш нема да води војна
-->
Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска, на 77-годишнината од капитулацијата на Токио во Втората светска војна, вети дека земјата никогаш повеќе нема да води војна.
Членовите на Владата го одбележаа денот со посета на контроверзниот храм Јасукуни, чин за кој агенциите пишуваат дека ќе ги налути Кина и Јужна Кореја.
Во храмот Јасукуни се оддава почит на 14 воени водачи од Втората светска војна кои Сојузничкиот трибунал ги прогласи за воени злосторници.
Кишида не го посети Јасукуни, но се помоли во храм во Токио, објави новинската агенција Кјодо.
„Никогаш нема да минеме низ ужасите на војната. Ние ќе продолжиме да го исполнуваме овој завет. Во свет во кој конфликтите не стивнуваат, Јапонија е активен лидер во мирот“, рече Кишида.
Владиниот функционер Хироказу Мацуно рече дека е „природно секоја земја да им оддава почит на оние кои ги дале своите животи за татковината“, додавајќи дека Токио ќе продолжи да ги зајакнува односите со своите соседи, вклучувајќи ги Кина и Јужна Кореја.
Јапонија им се предаде на сојузниците на 15 август 1945 година и формално ја потпиша капитулацијата на 2 септември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка
-
Бајден: Прекин на огнот во Газа е можен уште утре, доколку Хамас ги ослободи заложниците
-
Рама денеска ќе одржи собир во Атина за Албанците кои живеат во Грција
-
Литванците денеска гласаат за претседател