Кисела Вода обезбедува финансиска помош за набавка на огревно дрво
Општина Кисела Вода денес распиша јавен повик за субвенционирање на трошоците за огревно дрво за своите жители. Сите граѓани кои ќе купат дрва за огрев во периодот од 1 април 2025 до 31 октомври 2025 година, можат да аплицираат за добивање на поврат на средства, до исцрпување на предвидениот буџет од 1.200.000 денари. Субвенцијата изнесува 500 денари за секој купен метар кубен (m³) дрва, за максимум до 10 м³ или 350 денари за секој купен просторен метар дрва, за максимум до 14 просторни метри.
Право на учество имаат сите жители на Општина Кисела Вода кои ќе достават валидна документација и ќе ги исполнат критериумите. Апликациите се поднесуваат во затворен плик преку Архивата на општината, по принципот „прв дојден – прв услужен“.
Јавниот повик трае до 31 октомври 2025 година или до исцрпување на средствата. Повикот е објавен на веб страната на општината: https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2025/04/Drva2025.pdf
Информациите се достапни и преку локалните месни заедници. За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на тел: 02 2785-427
-Континуирано покажуваме дека Општина Кисела Вода вистински се грижи за граѓаните. Затоа повторно обезбедуваме субвенции за огревно дрво, со цел финансиски да им помогнеме на нашите сограѓани кои го користат овој енергенс за загревање. Покрај оваа мерка, ќе ги продолжиме субвенциите за пелети и печки на пелети, за енергетска обнова на фасади, а од годинава субвенции имаме и за пензионери со ниски пензии, како и субвенции за возачки дозволи за сите матуранти. Наскоро ќе излеземе и со нов сет мерки со кои дополнително ќе го олесниме секојдневието на нашите граѓани- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Општина Кисела Вода
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор