Тенис
15. August 2019 - 11:16

Кирјос не престанува со недолично однесување, искрши два рекета на мечот со Хачанов

Австралискиот тенисер Ник Кирјос продолжува со контроверзното однесување. Тој изутринава на мечот со Русинот Хачанов, скрши два рекета.

Австралиецот загуби со 1-2, по сетови 7:6, 6:7 и 2:6 и вообичаено за него емотивно реагираше на несмасната и многуте свои грешки.

Во интервалот помеѓу вториот и третиот сет, Кирјос влезе во подтрибинскиот простор каде скрши два рекети. За ова тој беше казнет со еден бод.

По мечот, Австралиецот негодуваше кон судијата и плукна во негов правец.

За овие инциденти, Кирјос го очекува нова казна од надлежните во тенискиот спорт.