Кирил Петков: Борисов да се пензионира, а по реформите во судството - да оди во затвор
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, мора да се пензионира бидејќи ја стопира реформата на партијата. Со него нема да се направи судска реформа, бидејќи со сегашниот систем мора да оди во затвор.
Тој крадел 3-4 милијарди лева годишно. Еден европски лидер изјави дека Бугарија не била примена во Шенген поради него. Тоа за бугарската „Нова ТВ“ го изјави поранешниот бугарски премиер Кирил Петков, копретседател на „Продолжуваме со промената“.
Тој нагласи дека претседателот Румен Радев не е политички противник на партијата. Според него, ако преодната влада ги одбие договорените танкери од САД (со гас), ќе излезе во знак на протест, а неставањето во функција на гасната врска со Грција до крајот на август ќе биде намерна акција на кабинетот.
Петков додаде дека четирипати ќе биде поевтин гасот кога ќе биде ставена во функција гасната врска со Грција. Петков нагласи дека нема намера да коалицира со Борисов на изборите.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива