Кирил Пецаков ја презеде должноста градоналник на Охрид, конституиран и новиот состав на општинскиот совет
|
|
Со промопредавање на должноста Кирил Пецаков денеска и официјално ја презеде градоначалничката функција во Охрид.
Пецаков на функцијата градоначалник доаѓа на местото на Константин Георгиески кој изминатите две и пол години управуваше со градот и кој му беше главен противкандидат на одржаните Локални избори. – Од првиот ден ќе работиме посветено на решавање на сите проблеми и потребите да граѓаните. Приоритет ќе биде решавањето на сите горливи прашања за кои говоревме во кампањата и за сите потреби што ќе ги посочат граѓаните односно месните заедници, рече Пацаков. Тој најави ново темпо на работа на општинските служби и јавните претпријатија. По однос позначајните прашања, пред се статусот на градот во УНЕСКО, тој рече дека ќе работи во насока на исполнување на препораките.
– Оставивме во текот на кампањата јасна слика како ќе работиме, вклучувајќи ги и препораките на УНЕСКО. Сето што е во наша надлежност ќе биде спроведено, рече тој, најавувајќи дека во првата година ќе се реализираат инфраструктурни проекти за кои веќе постапките се во тек. Константин Георгиески на новоизбраниот градоначалник му посака добро здравје, многу успех и посветена работа, во интерес на граѓаните на Охрид. – Разговаравме околку состојбата во Општината, за проектите што се дел отпочнати, дел што се на почеток на реализација, за раздолжувањето. Секогаш доколку има некаква потреба од информација за отпочнатите проекти ќе бидам тука, рече Георгиески. Свечените заклетви денеска ги потпишаа и новите советници така што е конституиран и новиот состав на 23-члениот Совет на Општината, во кој има десет советници на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, осум од СДСМ, двајца од ДУИ, еден советник од Левица, како и по еден претставник од групите граѓани „Охрид пред се“ и „Охрид има план Б“ |
Ново на Сител
-

18-годишник од тетовско најпрво истепал соселанец, а потоа го удрил со автомобил
-

ПМФЛ: Вардар со гол во судиското надополнување ја совлада Брера
-

Сиљановска-Давкова: Можеме и мораме да направиме се што е во наша моќ ваквите трагедии никогаш повеќе да не ни се повторат
-

18-годишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во Чаир
-

Работник починал по пад од висина во Скопје
-

Македонските институции и македонскиот здравствен систем соодветно се справи со трагедијата во Кочани
-

Томовски: По трагедијата во Кочани, како институции имавме должност да реагираме брзо, одговорно и солидарно
-

Мицкоски: Трагедиите не смеат да останат без одговори, општеството има право да ја знае вистината - им го должиме тоа на жртвите



