Кирил Колемишевски – заменик-министер за економија
Кирил Колемишевски е новиот заменик-министер за економија, на местото на досегашниот заменик-министер Кире Наумов, кој заминува на нова функција – директор на Македонската банка за поддршка на развојот.
Колемишевски е роден 11 јануари 1977 година и по професија е правник. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 2001 година на отсекот управно право. Од јули 2011 година работи како адвокат во адвокатското друштво „Колемишевски и партнери“, а претходно има работено во Комерцијална банка и во КБ Прво пензиско друштво. Во ноември 2007 година работи во Комисијата за хартии од вредност, а во февруари 2005 година во Министерството за правда. Член е на Македонското здружение на правници од стопанството.
Во неговата биографија пишува дека одлично го познава англискиот јазик, а има стекнато и сертификати за успешно завршени курсеви за Office Management i MS Office.
Ново на Сител
-

За повисоките плати, универзитетските професори ќе мора да испорачаат подобри резултати
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност и претседател на ЦИБ
-

Жан Митрев обвинува, Филипче најавува тужби, ВМРО-ДПМНЕ бара истрага
-

Филипче: На седница ќе го кажеме ставот за Законот за прекршоци
-

Покренато обвинение за помагачите на Саитов - ЈО предложи и продолжување на притворот
-

Расте бројот на странски работници во Македонија, од каде доаѓаат најмногу?
-

Прилепските угостители со позитивни оценки за Законот за работно ангажирање лица

