Кирацовски: Да се одложи оценувањето на администрацијата до крајот на 2017
Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска изјави дека покренал иницијатива да се одложи оценувањето на јавната администрација.
- Побарав измени на Законот за административни службеници по скратена постапка и група пратеници уште денеска ќе го поднесе предлогот во Собранието. Изборна година е, за два месеца се предвремените парламентарни избори и не дозволувам никој предизборно да им се заканува и да ги уценува вработените во администрацијата, посебно не со уценувачкото и нелогично оценување, рече Кирацовски.
Тој појасни дека со измените што ги иницирал се бара одложување на примената на законот до крајот на 2017 година.
- Дотогаш низ широка јавна и експертска расправа да биде утврден начин за мотивација на вработените во администрацијата, наместо овие казнени политики, рече Кирацовски.
Ново на Сител
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација