-->
-->
Кипарските лидери се договорија за четири нови средби
-->
Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис го поздрави денеска обновувањето на преговорите со лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи по осумнеделниот прекин, изразувајќи надеж дека ќе биде постигнат напредок на следните четири средби, кои се планирани да започнат од 20 април.
По средбата Анастасиадис истакна дека разговорите со Акинџи претставувале корисна размена на ставови. Двајцата лидери се согласиле на четири нови средби, кои почнуваат од 20 април, а преговарачките тимови утре ќе ја обноват својата работа за да подготват план.
Анастасиадис се надева дека новиот круг преговори ќе им овозможи на двете страни да најдат начин за решение на кипарското прашање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци