Кипарски експерт предвидува четврта помош за Грција

На Грција, најверојатно, ќе и треба четврта програма за помош, изјави кипарскиот економист и добитник на Нобеловата награда во 2010 година Христофорос Писаридис.
- Се плашам дека ќе има четврти меморандум, изјави 69-годишниот Писаридис во интервју за грчката телевизија „Скај“.
- Кризата и штедењето ќе завршат кога Грција ќе биде во можност да се врати на меѓународните финансиски пазари, рече тој, додавајќи дека според него, малку е веројатно тоа да се случи пред крајот на тековната финансиска помош во август 2018 година.
Експертот исто така повика итно и без одложување да се спроведат повеќе реформи за да се привлечат инвестиции, со цел земјата да излезе од седумгодишната должничка криза. Тој рече дека политичката нестабилност и недостигот на политичка волја да се спроведат реформи се главни фактори за проблемите на Грција во реализирањето на финансиската помош.
Од мај 2010 година Грција потпишаа три програми за финансиска помош со меѓународните кредитори со цел излез од должничката криза.
Ново на Сител
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
