Кипарската Влада одобри жените доброволно да служат војска

– Кипарската Влада го одобри нацрт-законот според кој жените ќе можат доброволно да се вклучат во војската односно т. н.
Национална гарда на Кипар, а претседателот на земјата Никос Христодулидис истакна дека со тоа ќе се зајакне борбениот капацитет на армијата, но и дека „жените ќе добијат право да придонесат во одбраната на земјата, засилувајќи ја перцепцијата дека одговорноста за националната безбедност ги засега сите граѓани, без разлика на полот“, јави дописничката на МИА од Атина.
Нацрт-законот ќе треба да биде изгласан од Парламентот, а право на служење ќе имаат жените кои го завршиле средното училиште, додека пак за оние кои ќе одлучат доброволно да се вклучат ќе постојат и одредени поволности.
Министерот за одбрана на Кипар Василис Палмас за кипарските медиуми рекол дека разгледуваат стимулации како што се делумни стипендии од приватни универзитети за жените кои отслужиле воен рок, но и можност да аплицираат за склучување професионален договор во Националната гарда.
Дополнително објаснил дека воениот рок ќе биде од шест до 14 месеци, а ќе се однесува на возрасната група од 18 до 26 години.
Во однос на воениот рок за мажите, не постојат промени и е задолжителен за сите во траење од 14 месеци.
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
