Кипар најави дека може да прими 300 бегалци и преферира тие да се христијани

Кипар соопшти денеска дека ќе може да прифати до 300 бегалци од Блискиот Исток во рамки на новите квтори на Европската унија, но преферира тие да бидат христијани.
Медитеранскиот остров со околу еден милион жители е најблиската европска држава до Сирија, која се наоќа на околу сто километри источно од Кипар.
Кипарскиот министер за внатрешни работи Сократис Хасикос изјави дека поради големината на островот неговиот капацитет е ограничен.
- Ние веќе најавивме дека можеме да прифатиме од 260 до максимум 300 лица. Би сакале тие да се православни хрситијани. Не станува збор дека сме нехумани или дека не сакаме да помогнеме, но доколку сакаме да бидеме искрени тогаш ние кажуваме што преферираме, рече Хасикос.
Тој додаде дека на христијаните ќе им биде многу полесно за да се адаптираат на животот на Кипар.
Извор од ЕУ изјави денеска дека ЕК подготвила нова серија квоти, врз основа на кои земјите-членки ќе ги распоредат 160 илјади бегалци, кои бараат азил, а кои треба да бидат преместени од Италија, Грција и Унгарија.
Ново на Сител
-

Со статистика и без одговори одбележан Светскиот ден за безбедност при работа
-

Кол Томас Ален обвинет за обид за атентат врз Трамп - му се заканува доживотен затвор
-

Се презентираат наодите од обдукциите на жртвите во кочанската дискотека
-

Завршни зборови на судењето против Стојанче Јовановски - се бара максимална казна
-

Филипче: Вајц потврдува дека владата на Мицкоски не сака во ЕУ
-

Одбележан Светскиот ден за безбедност и здравје при работа
-

Сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Денарот стабилен, довербата расте, депозитите во пораст
