Кипар ја заврши меѓународна програма за излез од економската криза

Кипар денеска ја заврши тригодишната меѓународна програма за излез од економската криза, јави ДПА.
Кипар доби пакет во вредност од 10 милијарди евра во 2013 година, а поради реструктирањето на двете главни кипарски банки големите инвеститори претрпеа значителни загуби. Исто така, беа воведени и мерки за контрола на капиталот.
Кипарскиот банкарски систем веќе е заздравен, се забрзува економскиот раст и фискалната перспектива на земјата се подобри, соопшти денеска Европската комисија.
Заменик-претседателот на Еврокомисијата, Валдис Домбровскис наведе дека на Кипар е воспоставена финансиска стабилност и се намалува стапката на невработеноста. Тој додаде и дека очекува раст во следните години.
Шефот на Спасувачкиот фонд на еврозоната Клаус Реглинг минатата недела изјави дека „за три години Кипар од длабока рецесија преминал до одржлив развој“. Тој додаде дека Никозија имала потреба само од 70 проценти од програмата за спас.
Спасувачката програма за Кипар беше доделена од ЕК, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.
Ново на Сител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
-

Подобра инфраструктура и решение за превозниците бараат германските компании кои работат кај нас
-

Филипче предупредува на недостиг на пари
-

Мицкоски тврди: Македонија економски лидер во регионот
