Кинескиот вселенски брод влезе во орбитата на Марс
Кина објави дека вселенското летало „Тијанвен-1“ денеска влезе во орбитата на Марс, од каде, наредниве месеци ќе го одреди местото за слетување на истражувачкиот ровер.
Кинеската национална вселенска агенција објави дека вселенското летало ќе ги мине следните три месеца во орбитата на Марс пред да го отпушти модулот со роверот што ќе ја снима површината на „Црвената планета“ и ќе ја истражува со помош на специјални сензори.
Минатиот четврток американскиот истражувачки ровер успешно слета на Марс во областа на кратерот „Езеро“ во потрага по знаци и предзнаци на живот. Кина денеска официјално стана втората земја која успешно стигна до Марс, а нивниот ровер со сончев погон – со големина на количка за голф, ќе бара подземни води и, исто така – знаци на живот.
Кинескиот ровер ќе користи ракетен погон, падобрани и воздушни перничиња за да слета на површината на Марс.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива