Кинески компании заинтересирани за купување на термоцентрали во Грција
Седум кинески компании пројавиле интерес за учество во продажбата на 40 проценти од сопственоста на термоцентралата „Мелити“ кај Лерин и постројката „Мегалополи Аркадија“ на Пелопонез.
Грчката државна енергетска компанија ДЕИ е принудена да продаде дел од своите капацитети, како обврска преземена со програмата за спас на Грција, чие спроведување е услов за доставување помош од страна на Европската унија и другите странски доверители.
Продажбата на капацитетите е и дел од обврските на Грција за либерализација на енергетскиот пазар. Централите треба да бидат продадени до јули.
Синдикатите, пак, најавија протести против продажбата на централите, стравувајќи дека тоа ќе доведе и до намалување на бројот на вработени.
ДЕИ произведува 90 проценти од електричната енергија во Грција.
Ново на Сител
-
Скопскиот водовод со намален притисок и прекини на вода, апел за рационално користење
-
Пет активни пожари утрово во земјата
-
Во Собранието амандманска расправа за законите за внатрешни работи и за полиција
-
Во Русија се блокирани повеќе од 50.000 веб-страници, соопшти руски министер
-
Дневните температури над 40 степени, Владата со препораки за топлото време
-
На Табановце за влез и на Богородица за излез од државата се чека 30 до 40 минути
-
Заврши општата расправа за законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишат на кој било факултет
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари