Кинеската Влада одговорна за „предвремената смрт“ на Лиу Сјаобо, според претседателот на Нобеловиот комитет
Кинеската Влада има „сериозна одговорност“ за „предвремената смрт“ на Лиу Сјаобо, изјави претседателот на норвешкиот Нобелов комитет, Берит Рајс Андерсен.
Кинескиот дисидент, кој страдаше од рак во последна фаза, почина денеска. Властите, кои го ослободија условно од затвор, за да биде сместен во болница, сепак не дозволија тој да биде префрлен на лекување во странство.
Кинескиот дисидент беше добитник на Нобеловата награда за мир во 2010 година поради децениската кампања за заштита на човековите права.
- Стравуваме дека Лиу Сјаобо не бил пренесен во болница, каде можел да добие адекватна медицинска грижа, пред болеста да стигне во крајната фаза, нагласи Рајс-Андерсен.
Германскиот министер за правда Хајко Маас го означи Сјаобо како „херој во борбата за демократијата и човековите права“.
Маас во изјава за Твитер му оддаде почит на кинескиот дисидент поради ненасилниот отпор.
Германија повеќе пати ја повика Кина да му дозволи на Сјаобо да се лекува на нејзина територија.
- Лиу Сјао беше и ќе остане инспирација, рече високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Раас ал Хусеин. Тој изрази длабока тага поради смртта на кинескиот активист.
- Движењето за човекови права во Кина и целиот свет загубија еден принципиелен активист, кој го посвети својот живот за заштита и подобрување на почитувањето на човековите права, мирно и достоинствено и кој беше фрлен во затвор поради отвореното изразување на своите ставови, рече Хусен.
Тој ги повика кинеските власти да и дозволат на сопругата на починатиот дисидент да замине во странство.
Кинескиот дисидент и добитник на Нобелова награда за мир Лиу Сјаобо денеска почина на 61 година, откако ја изгуби битката со канцерот,. Тој имаше рак на црниот дроб и пред еден месец беше префрлен од затвор во болница во градот Шенјанг.
Во соопштението од локалните власти се наведува дека Лиу починал откако му откажале повеќе органи.
Ново на Сител
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле