-->
-->
Кинеската авиоиндустрија со загуба од речиси пет милијарди долари поради Ковид-19
-->
Поради последиците од новиот коронавирус, кинеската авиоиндустрија во вториот квартал од годината бележи пад од 4.89 милијарди долари.
Според податоците на кинеската Цивилна администрација за авијација, во првиот квартал од годината, авиоиндустријата загуби над пет милијарди долари.
Кинеската авиоиндустрија напредува побрзо за разлика од другите земији што сега попуштаат со мерките воведени поради Ковид-19.
Сепак бројот на патници укажува дека авиоиндустријата во Кина се уште е под нивото на кое се наоѓаше пред епидемијата.
Бројот на патници во јуни е за 42.4 отсто помал во однос на минатата година , односно регистрирани се 30.74 милиони патници, додека податоците во мај покажуваат подобри резултати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф
-
Ердоган против Евровизија: „На вакви настани стана невозможно да сретнеш нормален човек“
-
МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете
-
Тошковски: Дивиот забавен парк кај Борис Трајковски ќе биде затворен и отстранет
-
Сообраќајна несреќа кај Росоман
-
Анкета: Нова демократија со двојно поголема предност пред СИРИЗА во пресрет на европските избори
-
За прв пат во историјата Јувентус не загуби натпревар од Серија А, во кој заостануваше со три гола
-
Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател