Кина воведе изолација на град после само еден случај на коронавирус
Кина воведе изолација на еден град на северот и почна голема кампања на тестирање во друг град близу руската граница, по откривањето по еден случај на коронавирус во двата града.
Во Донгнинг станува збор за 40-годишен маж кој работи во пристаништето, додека во Суифенхеу е 39-годишен работник во комерцијалната увозно-извозна зона, наведоа властите.
.Властите во Донгнинг соопштија дека го ставаат градот во своевидна вонредна состојба – целиот сообраќај е прекинат, секој што сака да го напушти градот мора да приложи негативен тест, направен во последните 24 часа.
Училиштата се затворени, а рестораните можат да продаваат само храна за носење. Во најризичните зони, само едно лице од секое домаќинство може да излегува секој втор ден, најмногу два часа за да купи неопходни продукти.
Ново на Сител
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
