Кина укинува странски имиња на улиците како „Менхетен“ или „Венеција“
Кина во целост ќе ги укине странските имиња на улиците како што се „Менхетен“ или „Венеција“ со оглед на тоа дека ги има премногу со такви имиња, соопштија кинеските власти.
Министерот за цивилни работи на Кина, Ли Лигуо, неодамна во телевизиско обраќање наведе дека Владата ќе ги промени „увезените имиња“ на улиците и ги охрабри сопствениците на недвижности и урбанистите да бараат инспирација во својата земја која е богата со културно наследство.
- Некои градови имаат повеќе улици кои ги носат имињата „Менхетен“ или „Венеција“. Тоа не само што создава непријатност кај патниците, туку го уништува чувството дека сте дома, рече Ли.
Во кинеските градови вообичаено се наидува на зборовите како што се „елита“ или „замок“ во имињата на трговските центри или станбените комплекси.
Во Пекинг дури постои апартмански комплекс именуван „Централ Парк“.
Ново на Сител
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор