Кина погуби поранешен генерален директор поради примање мито

Кина го погуби Баи Тианхуи, поранешниот генерален директор на компанијата за управување со средства „Чајна Хуаронг Интернешнал Холдингс Лтд.“, откако беше осуден за примање мито во вредност од 156 милиони долари.
Егзекуцијата беше извршена во северниот кинески град Тјанџин по одобрување од Врховниот народен суд, според државните медиуми.
Со пресудата од мај 2024 година, Баи е осуден на смрт, одземени му се политичките права доживотно, наредена е конфискација на личниот имот и сите негови нелегални профити се враќаат во државната каса.
Баи се жалеше на пресудата, но Вишиот народен суд во Тјанџин ја отфрли неговата жалба во февруари оваа година.
По преиспитување, Врховниот народен суд утврди дека Баи ја злоупотребил својата позиција помеѓу 2014 и 2018 година за нелегално да прими мито во вкупен износ од 1,108 милијарди јуани (речиси 157 милиони долари).
Врховниот народен суд пресуди дека злосторствата на Баи се особено сериозни и ја потврди пресудата на Вишиот народен суд во Тјанџин со која се потврдува смртната казна.
На Баи му беше дозволено да се сретне со своите роднини пред неговата егзекуција.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
