Кина одржува нови воени вежби во близина на Тајван
Кинеската армија соопшти дека денеска одржала нови воени вежби во близина на Тајван, во мигови кога група американски пратеници се во посета на Тајпеј каде се сретнаа со тајванската претседателка Цаи Инг-вен.
Источната команда на Народноослободителната војска на Кина објави дека вежбите се „остро средство за одвраќање на Америка и Тајван кои продолжуваат со политички игри да го поткопуваат мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец”.
Кинеското Министерство за одбрана посочи дека посетата на американски претставници на Тајван го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.
Во соопштението на Пекинг уште еднаш се предупредува дека употребата на Тајван како средство за контрола врз Кина е осудено на неуспех.
Претходно овој месец Кина спроведе големи воени вежби во областа околу Тајван, по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на Тајпеј.
Ново на Сител
-
Златен џебен часовник од „Титаник“ продаден за рекордни 1,2 милиони фунти
-
Пронајдено безживотно тело на 26 годишна девојка во куќа во Штип
-
Лазаров го објави списокот на ракометари за собирот пред средбите со Фарски Острови
-
Силва го напушта Челси на крајот од сезоната
-
Партиите и коалициите продолжуваат со промоција на своите политички понуди на терен
-
125 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца полицајци убиени во престрелка во Северна Каролина
-
На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај