Кина ја повика Северна Кореја да ги почитува резолуцијата на ОН
Кина денеска ја повика Северна Кореја да ја почитува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и да престане со сите активности кои можат да ги засилат тензиите на Корејскиот полуостров.
Пекинг се надева и дека сите страни можат да делуваат претпазливо, за да спречат ескалација на ситуацијата, посочи портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.
Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон изјави дека никогаш нема да прифати Северна Кореја вооружена со атомско оружје, и ги повика Кина и Русија да направат повеќе за ограничување на растечката закана за регионалната и глобална стабилност, која доаѓа од ракетните амбиции на Пјонгјанг.
- Кина и Русија се главните економски фактори кои и овозможуваат на Северна Кореја да развива програма за нуклеарно оружје и балистички проектили и носат „единствена и посебна одговорност за оваа растечка закана“, рече Тилерсон.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток