Кина испитува 11 вакцини против Ковид-19, од кои четири се во трета фаза

Кина во моментот врши клинички испитувања на 11 потенцијални вакцини против Ковид-19, а четири од нив се во трета фаза, изјави кинескиот министер за наука и технологија Ванг Џиганг.
Истражувачите и научниците ширум светот непрекинато работат на развој на вакцина против новиот коронавирус, како најефикасно решение против пандемијата.
Претходно, кинескиот Центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ) соопшти дека вакцините против новиот коронавирус што се развиваат во Кина би можеле да бидат достапни за јавност во ноември.
Кинеската државна фармацевтска компанија „Синофарм“ и „Синовак биотеч“ развиваат три вакцини во рамките на државната програма, додека четвртата ја развива „КанСино биолоџикс“, чија употреба во кинеската армија беше одобрена во јуни.
Ново на Сител
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
