Свет
5. January 2016 - 17:34

Кина: Грандиозна позлатена скулптура на Мао Цетунг

Во централната кинеска провинција Хенан изработена е сред поле позлатена скулптура на поранешниот кинески лидер Мао Цетунг, вредна три милиони јуани (460.000 долари).

Скулптурата е висока 37 метри и го претставува Мао кој речиси три децении беше лидер на Кина. Мао е претставен во седечка положба.

Изградбата на скулптурата го финансирале локални бизнисмени, а завршена е во декември по девет месеци работа, објавија западни медиуми.