Кина го разгледува американскиот извештај за шпионски балон над САД и Канада и повика на смиреност
Кина денеска соопшти дека ги разгледува американските извештаи дека кинески шпионски балон бил забележан како лета над воздушниот простор на САД и повика на смиреност.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, изјави дека нема информации дали ќе се одржи планираната посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Кина.
-Кина е одговорна земја и секогаш строго го почитува меѓународното право и нема намера да ја нарушува територијата и воздушниот простор на која било суверена земја. Што се однесува до балоните, ја разгледуваме и проверуваме ситуацијата и се надеваме дека двете страни ќе се справат со тоа мирно и внимателно, рече Мао.
САД и Канада денеска соопштија дека следеле шпионски балон што летал на голема височина над Северна Америка и над чувствителни воени локации.
Пентагон синоќа соопшти за присуство на балон во воздушниот простор на САД, за кој се верува дека е кинески, а канадската Влада денеска објави дека истражува „уште еден потенцијален инцидент“.
Блинкен денеска требаше да пристигне во Кина во услови на зголемени тензии меѓу Пекинг и Вашингтон околу трговијата, Тајван, човековите права и територијалните претензии на Кина во Јужното Кинеско Море.
Ново на Сител
-
Врховниот суд го отфрли случајот за дисквалификација на Трамп од изборите во 2024 година
-
Вучиќ: Ги ценам извештаите од Белата куќа, но не се секогаш точни
-
Вечерва приведен криумчар на мигранти, пронајдени 11 лица од Сирија
-
Претрес во Волково, запленета дрога, приведен дилер
-
Песков: Западот ќе се умори од војната во Украина
-
Во четврток и петок локално зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд
-
Маричиќ: Сериозно треба да се разгледа предлог-законот за амнестија
-
Заев му посака добредојде на Ципрас во Струмица