Loading Video...
Свет
23. August 2022 - 12:33

Кина го лансираше сателитот Чуангксин-16 во вслената

Кина го лансираше сателитот Чуангксин-16 во вслената, јавуваат турските медиуми. Сателитот е испратен во орбитата од Центарот за лансирање на сателити „Џиукван“ во северозападна Кина и ќе се користи за експерименти и откривање на вселенската средина. Вселенското летало успешно ја достигнало својата претходно поставена орбита по неговото лансирање, објавија од државната новинска агенција „Синхуа“.

Поранешниот американски претседател Трамп, поднесе тужба против американската влада поради претресот на неговиот имот и побара од судот привремено да го блокира ФБИ во прегледување на материјалите кои беа одземени од неговиот дом во Флорида, се додека не се именува специјално овлстено лице кое ќе ја надгледува оваа работа. Трамп во тужбата бара од Министерството за правда да му достават детален список на предметите кои ФБИ ги има запленето во неговата куќа во Мар-а-Лаго. Американската влада пронајде над 300 доверливи документи, вклучувајќи материјали на ЦИА, Агенцијата за национална безбедност и на ФБИ, известува Њујорк Тајмс.

Деветгодишно девојче е убиено, а двајца возрасни повредени во престрелка во Ливерпул. Според полицискиот извештај, инцидентот се случил синоќа откако непознат маж упаднал на имотот на семејството и почнал да пука со пиштол. Девојчето се здобило со прострелна рана во градниот кош и била пренесена во болница, каде што подоцна починало. Мажот се здобил со прострелни рани по телото, а жената со прострелна рана во раката, по што се пренесени во болница. Од полицјата велат дека истрагата е сеуште во тек.