Кина ги осуди протестите во Хонг Конг: „Му нанесуваат штета на владеењето на правото“
„Овие грозни инциденти тешко му наштетија на владеењето на правото, на јавниот поредок, стопанството и животот на луѓето во Хонг Конг“, рече порпаролот на Уредот за работите во Хонг Конг и Макао во Пекинг, највисоката власт во оваа поранешна британска колонија.
-Ниту една цивилизирана заедница нема да дозволи толку насилство, додаде тој.
Според пишувањето на „Саут Чајна Морнинг Пост“, ова е прва прес конференција што овој Уред ја оддржува од 1997 година и доаѓа по неколкуте недели протести против предложениот закон за екстрадиција на осомничените з акриминал во Кина.
Полицајците вчера испукуваа гумени куршуми и солзавец во обидите да ги протераат демонстрантите од владиниот и деловен кварт на Хонг Конг.
Тензиите ескалираа минатиот викенд која група мажи, облечени во бели маици, за кои се верува дека се членови на тријадата или локалната мафија, нападнаа демонстранти на железничка станица.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот