Ким Џонг-ун набрзо ќе допатува во официјална посета на Москва
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко најави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе ја посети Москва.
-Потврдувам дека претседателот на Државните работи на Северна Кореја има покана од рускиот претседател Владимир Владимирович Путин да оствари официјална посета на Русија и се надеваме дека ќе го координираме времето и агендата на овие разговори преку дипломатски канали, посочи Руденко.
Тој додаде дека сè уште е рано да се зборува за конкретен датум на посетата на Ким на Русија.
Руденко претходно соопшти дека се подготвува посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Пјонгјанг, со цел продолжување на стратешкиот дијалог помеѓу двете земји.
Русија и Северна Кореја минатата година постигнаа меѓусебен одбранбен договор, чија цел е зајакнување на сојузот против, како што го нарекоа „западниот хегемонизам“. Договорот предвидува Северна Кореја да добие пристап до напредната руска ракетна и сателитска технологија во замена за воена помош, вклучително и испраќање војници, оружје и муниција за Русија.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер