Ким Џонг Ун изјави дека Северна Кореја планира проширување на нуклеарниот арсенал
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека Пјонгјанг ќе го зголеми својот арсенал на нуклеарно оружје, јави денеска државната новинска агенција КЦНА.
Ким за време на говорот по повод денот на основањето на земјата рече дека залихите на Северна Кореја треба експоненцијално да се зголемат.
– Сега совршено ја спроведуваме политиката за изградба на нуклеарни вооружени сили за зголемување на бројот на нуклеарно оружје со геометриска прогресија, ја цитира КЦНА изјавата на Ким.
Тој ги обвини „непријателските“ сили дека сакаат да ја нападнат Северна Кореја со нуклеарно оружје, без да прецизира на кои земји мисли ниту да обезбеди докази, пренесе ДПА.
Според Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ), Северна Кореја моментално поседува околу 50 нуклеарни боеви глави, иако точниот број не е познат.
Ново на Сител
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата
-
Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга
-
Специјализации да се даваат по потреба, а не по желба за да немаме недостиг од одредени специјалности
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“