-->
-->
Километарски колони од камиони на граничните премини на Турција со Бугарија
-->
Долги редици од ТИР камиони се формирани на турската страна на граничните премини со Бугарија, Капукуле- Капитан Андреево и Хамзабејли-Лесово.
На преминот Капукуле колоната е околу 15 километри и започнува од околината на градот Одрин, соопшти турската Дирекција за граници и трговија Тракија.
На Хамзабејли колоната е околу осум километри, јави агенцијата БТА.
- Царинските канцеларии на турската страна работат нормално, немаме проблеми во однос на услугата или од недостиг на персонал, соопшти царинската дирекција.
Од друга страна, турски извори наведуваат дека колоните се создаваат поради забавена работа на бугарските цариници кои се недоволно екипирани, особено кон крајот на неделата кога се неработни денови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар