Кикиљас: Мнозинството од грчкото општество е против владата за скопското прашање
Мнозинството од грчкото општество е наспроти владата за скопското прашање, наспроти начинот на кој преговара министерот за надворешни работи Никос Коѕијас со тајна дипломатија по наредба на Алексис Ципрас, додека пак Панос Каменос не се согласува, вели одговорниот за одбрана во опозициската Нова демократија, Василис Кикиљас, говорејќи во утринска емисија на грчката телевизија „Антена“.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, Кикиљас смета дека шефот на грчката дипломатија денеска во Скопје ќе разговара за нешто за што не се согласуваат Грците.
- Со тајна дипломатија се обидува да го реши скопското прашање, без претходно нашите соседи да се согласат да го променат нивниот Устав, нивните учебници, нивните лични карти, нивните пасоши, продолжувајќи со иредентизмот, а владата и опозицијата во Скопје продолжуваат со изјави и политички потези кои што ја напаѓаат нашата Македонија, вели пратеникот од Нова демократија.
Според Кикиљас, во некој момент, треба да се најде решение, „но врз основа на условите што ги поставува грчкото општество и Нова демократија“.
Ново на Сител
-
MВР влезе во Академијата за судии и јавни обвинители
-
Какви измени треба да претрпи Кривичниот законик?
-
Tема на денот со Мане Јаковлески, почесен претседател на Здружението ,,Бигорски манастир''
-
Преглед на вестите од светот
-
Прво јавно појавување на Филипче како претседател на СДСМ: Лош старт на новата Влада
-
Утврдена предлог одлуката за состав на Комитетот за односи меѓу заедницата
-
58 амандмани на предложениот ребаланс на буџетот, собраниската расправа почна со критики
-
Економијата ќе биде приоритет во следните 10 години – Политиката ќе се тргне на страна