Киев поднесе формално барање за специјално партнерство со НАТО

Украина поднесе официјално барање во НАТО за вклучување во програмата за проширени можности за специјални партнери, изјави Вадим Пристајко, заменикот на министерот за надворешни работи, јави ТАСС.
- Пред два дена во седиштето на НАТО беше испратено официјално писмо, сега се очекува членовите на организацијата да донесат официјално решение, истакна Пристајко.
Според него, таа соработка ќе даде можност за доближување на страндардите и работата како целина на украинскиот обранбен систем кон стандардите на НАТО.
Една од пречките за Украина да го добие статусот на специјален партнер на Алијансата беше недостигот на договор за размена на доверливи информации.
- Таков договор ќе биде потпишан следната недела во седиштето на НАТО во Брисел и таа пречка нема да постои повеќе, нагласи Пристајко.
Актуелни учесници во истата програма на Алијансата се Шведска, Финска и Грузија.
Претходно, украинскиот претседател Петро Порошенко го оквалификува членството во НАТО како стратешка цел за земјата.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
