КФОР: Нема да биде толерирано нарушување на слободата на движење за сите заедници на Косово
Командантот на КФОР, Анџело Микеле Ристучи, ги предупреди градоначалниците на општините на северот од Косово дека нема да се толерира кршење на слободата на движење за сите заедници и ги повика да се воздржат од насилство, соопшти КФОР.
Ристучи за општата ситуација, особено за безбедносните аспекти на северот на Косово, разговарал со претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ и со градоначалниците на четири општини од северот на Косово.
Според соопштението од КФОР, тој ги уверил градоначалниците на општините со српско мнозинство дека КФОР внимателно ја следи ситуацијата, особено оние на северот на Косово.
Ристучи нагласил дека КФОР останува фокусиран на секојдневното спроведување на својот мандат – што произлегува од резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН – да обезбеди безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите заедници кои живеат на Косово, се вели во соопштението.
Тој ги повика сите страни да избегнуваат еднострани акции, да се воздржат од насилство и конструктивно да се вклучат во дијалог.
„КФОР останува непристрасен и посветен на обезбедување на безбедносна рамка во која дијалогот меѓу Белград и Приштина може да продолжи со посредство на ЕУ“, се наведува во соопштението.
На 31 октомври истекува рокот што го постави Владата на Косово за замена на автомобилските таблички издадени од Република Србија со оние на Косово.
Горан Ракиќ по средбата во Белград со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, предупреди дека Србите од Косово ќе блокираат патишта доколку надлежните преземат мерки за заплена на возила со српски регистерски таблички.
Ново на Сител
-
Обвинети во притворен центар во Русија зеде двајца полицајци како заложници
-
Најмалку 10 луѓе, меѓу кои и деца, се застрелани во приградски воден парк во областа Детроит
-
Сончево и топло со локална облачност, температура до 35 степени
-
Сиљановска Давкова ќе се обрати на Самитот за мир во Украина, што се одржува во Бургеншток, Швајцарија
-
Втор ден од мировниот самит за Украина во Швајцарија
-
Од 9 часот утрово во прекин сообраќајот од излез Нов Дојран до влез Стар Дојран
-
ВМРО-ДПМНЕ треба да ги утврди кандидатите од коалицијата „Твоја Македонија“ за членови во Владата
-
Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам