Кери: Русија треба да се воздржува од офанзивни операции и да го убеди Асад да го стори истото
САД и натаму сметаат дека Русија треба да се воздржува од офанзивни операции и да ја убеди сириската Влада да го стори истото, изјави американскиот државен секретар Џон Кери.
- Русија треба да го зајакне притисокот врз режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад за да го увери во неопходноста од зачувување на примирјето и создавање услови за обновување на преговорите со сириската опозиција во Женева, изјави Кери на заедничката пресконференција по средбата со колумбискиот министер за надворешни работи Марија Анхела Олгин.
Кери нагласи дека преговорите во Женева биле прекинати, бидејќи претставниците на умерената опозиција не можеле да ги водат во услови на континуирани напади на владините сили врз нивните формации.
- Исклучително е важно Русија да се воздржува од водење на офанзивни операции и да го убеди режимот на Асад да го стори истото, а ние од своја страна имаме одговорност да ја натераме опозицијата да не спроведува такви операции, рече американскиот државен секретар.
Според него неопходно е сите страни да ги почитуваат условите од резолуциите на Советот за безбедност на ОН за решавање на сирискиот конфликт.
- Но тоа што моментално се случува во Сирија е причина за сериозна загриженост, рече Кери.
Ново на Сител
-
Нема владини мерки против високите цени, се бара долгорочно решение
-
Почна со работа Центарот за обука на административните службеници
-
Државните спортски објекти се управувани од претпријатие кое престанало да постои во 2017, вели ДЗР
-
Бизнисот верува во кандидатурата на Ѓорѓиевски за Скопје – Вреди најавува свој кандидат за главниот град
-
СДСМ: Режимски прогон против нашите градоначалници
-
Граѓански иницијативи се здружуваат во партија за учество на локалните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Нормално е да растат цените, вели министерот за економија - Мерки нема да има