Кери на почетокот на декември во посета на Западен Балкан

Американскиот државен секретар Џон Кери наредната недела ќе престојува во Европа и во Западен Балкан, а на 3 декември во Белград ќе учествува на состанокот на министри на ОБСЕ, соопшти Стејт департментот.
Како што се наведува во соопштението, прво Кери, на 30 ноември, ќе му се придружи на претседателот Барак Обама на Самитот за климатски промени кој ќе биде одржан во Париз, а потоа на 1 декември во Брисел ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатијата на државите-членки на НАТО.
Од Брисел, Кери патува за Приштина, каде ќе разговара со тамошните официјални претставници.
Државниот секретар на САД, потоа ќе допатува во Белград, каде на 3 декември ќе учествува на состанокот на министри на ОБСЕ, а ќе има и состанок со претставниците на цивилното општество од државите кои се членки на организацијата.
Кери на 3 декември ќе ја посети и Никозија каде ќе има билатерални состаноци, но и средба со лидерите на кипарските Турци и Грци со цел да ги охрабри да ги продолжат приговорите.
Потоа на 4 декември ќе ја посети Атина каде со претставниците на грчката влада ќе разговара за билатерална прашања, вклучувајќи ја миграциската криза и економските теми.
Ова инаку ќе биде прва посета на Кери во регионот на Западен Балкан во функција на американски државен секретар.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
