-->
-->
Кејн надвор од терените
-->
Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн вчеравечер се повреди на натпреварот од 12. коло на германскиот шампионат против Борусија Дортмунд (1:1).
Англичанецот почувствува непријатност во бутен мускул во 33. минута од играта, по што беше заменет.
- Кејн заработи мало кинење на ложата на десната нога за време на вчерашниот натпревар. По прегледот на медицинскиот оддел, сигурно е дека Кејн ќе биде надвор од терените, засега на неодредено време, се вели во соопштението на баварскиот клуб.
Кејн игра за Баерн Минхен од 2023 година. Сезонава 31-годишниот Англичанец има 20 гола и седум асистенции на 19 натпревари за тимот во сите натпреварувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола
-
Температури до 43 степени, на сила мерките за заштита од топлотен бран
-
Гаши хоспитализиран поради преплет црева, засега е стабилен
-
Со линеарното зголемување на пензиите 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе, а 116 илјади помалку пари
-
Владата ги задолжи државните институции да си ги платат сметките за струја и парно- должат 16,5 милиони евра
-
Слаб интерес кај пратениците за подготовка за интеграцискиот процес
-
Средба Муцунски – Гераптритис во Атина
-
Преглед на вестите од светот