Кеико Фуџимори го призна поразот на изборите во Перу

Кеико Фуџимори, која важеше за фаворит на претседателските избори во Перу, го призна поразот што го доживеа во вториот круг од својот противник Педро Пабло Кучински.
Во обраќањето пред своите симпатизери, таа вети дека ќе предводи една „претпазлива“ опозиција, која внимателно ќе ја надгледува работата на новата влада.
Перуанските избори завршија во „мртва трка“ на двајцата главни кандидати, па на крајот Кучински освои 50,1 додека Фуџимори 49,9 отсто од гласовите.
- Во духот на демократијата мораме да ги прифатиме изборните резултати, изјави Фуџимори во Лима.
Таа е ќерка на поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори, кој се наоѓа в затвор, каде ја издржува казната од 25 години.
Во првиот круг од годинешниве избори лесно победи Фуџимори, но во текот на кампањата за вториот круг, Кучински ги предупредуваше гласачите на опасноста дека во земјата ќе се вратат корупцијата и криминалот од времето на владеењето на Алберто Фуџимори, доколку на овие избори победи неговата ќерка.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
