Казнев: Забраната на буркините би била противуставна

Законот за забрана на буркините, каков што планира да го поднесе опозицијата, би бил противуставен, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев.
Тој за католичкиот дневен весник „Кроа“ посочи дека националната забрана за буркините би била „противуставна, неефективна и би предизвикала непријателски расположенија и непоправливи тензии.
Во петокот највисокиот француски административен суд - Државниот совет ја укина забраната за буркините на плажите во Вилнов-Лубе. Одлуката е преседан за десетиците приморски градови.
Судската одлука натера десетици политичари да побараат од Парламентот да воведе национална забрана за буркините, оценуваќи дека тие се симбол на радикалниот ислам.
Околу 30 општини забранија буркини на плажите по нападот во Ница, кога загинаа 86 луѓе.
Според францускиот Устав забранети се религиозни симболи во државните институции. Франција е прва европска држава која целосно ги забрани хиџабот и бурката во државните институции во 2010 година. Хиџабот е забранет во училиштата уште од 2004 година.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
