Казнети 262 возачи во Скопје, 143 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 262 мерки.
Како што соопшти МВР, меѓу мерките 143 се за возење повеќе од дозволената брзина, 31 санкција за возење без возачка дозвола, 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, седум за возач почетник, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за некористење сигурносен појас…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ