Казнени налози против 34 скопјани за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе 31 предлог за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 34 лица обвинети за кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти денеска Обвинителството, обвинетите не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на државата и за време на полицискиот час биле затекнати надвор од нивните домови без да поседуваат соодветни дозволи за движење.
Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложиле за секој од обвинетите да изрече паричнa казнa во висина од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
