Казахстан и МААЕ создаваат меѓународна банка за ураниум

Казахстан, кој поседува 20 отсто од светските резерви на ураниум, потпиша вчера со Меѓународната агенција за атомска енергија спогодба за создавање банка за нискозбогатен ураниум под меѓународна контрола, која ќе го гарантира снабдувањето на централите и ќе помага во борбата против ширењето на нуклеарни материјали.
Банката, која ќе биде управувана од МААЕ и ќе се наоѓа во градот Оскемен во источен Казахстан ќе почне да функционира во 2017 година.
Таа ќе располага со буџет од 150 милиони долари за период од десет години.
Според МААЕ банката може да складира до 90 тони нискозбогатен ураниум, кој ќе може да се користи како гориво за нуклеарни реактори на земји-членки на Организацијата, кои не можат да го купат на пазарот.
САД ги поздравија спогодбата и казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев за неговата водечка улога во областа на неширење на нуклеарно оружје над 20 години.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ја потврдивме поддршката за постигнување праведен и траен мир преку дијалог, дипломатија и координација
-

А1 Македонија со нова припејд понуда: повеќе интернет и поголем избор за корисниците
-

Двоцифрен развој на прометот со над 29,57 милиони продадени производи: dm бележи уште една успешна година
-

Приведен 45-годишен маж за физички напад врз малолетната ќерка
-

Вработен во пошта пријавил закани на работното место
-

21-годишна девојка тешко повредена откако со возило излетала од патот
-

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје
-

Во текот на ноќта и утре претпладне засилен ветер и дожд
