Кавадаречката полиција ги подучуваше граѓаните како да се заштитат од кражби

Советодавна група на граѓани на тема превенција од тешки кражби во станови се одржа попладнево пред комплекс згради во новиот центар во Кавадарци. Настанот беше во организација на Полициска станица од општа надлежност Кавадарци, отсек за превенција.
-Решивме на лице место да поразговараме со граѓаните и да им дадеме препораки како да се заштитат од крадци. Сакаме да ги поттикнеме добрите меѓусоседски односи оти сметаме дека соседството е тоа кое води кон намалување на ваквите појави. Истовремено, ги информираме за сите технички мерки и инсталирање на уреди со кои можат да ги заштитат своите домови, рече за Димитар Каракулев, инспектор за превенција.
Ваквите трибини на отворено ќе продолжат и во иднина, се со цел да се едуцираат граѓаните и да им се застане на патот на крадците.
Ново на Сител
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
